Албанскиот Архиепископ на средба со Папата

Date:

Share post:

Архиепископот на Албанија, Јован, пред неколку денови се сретнал со папата Лав XIV. Средбата се случила на маргините од меѓународната конференција „Osare la Pace“ во Колосеумот, каде што присуствувале повеќе религиозни лидери од целиот свет.

На средбата биле разгледани прашања од заеднички интерес, а била истакната важноста од враќањето на мирот и завршувањето на војните што го мачат светот. Посебна грижа била изразена и за младите луѓе, кои не се само иднината, туку и сегашноста.

Со доаѓањето на Јован за Архиепископ, Православната црква на Албанија отпочна еден тренд на тивка меѓународна активност, посветена на одржување пријателски и отворени односи со сите. Архиепископот Јован неодамна беше присутен и на меѓународната сеправославна конференција во Солун, по повод 100 години од црковното списание „Теологија“, каде што беше беше своевидна ѕвезда на настанот. Претходно го посети и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, при својата прва посета на Помесните цркви откако е избран за Архиепископ, што укажа на уважување на традицијата.

Оваа историска средба со Папата сведочи за заедничките напори на христијаните за мир, но и за негување на меѓухристијанскиот дијалог.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...

Вартоломеј: „Богохулство е да се нарекуваат ’војници на Христос‘ оние кои добиле наредба да одземаат човечки животи“

Во проповедта по повод празникот на светите маченици Мина, Виктор и Викентиј во црквата во Ипсоматија, Вселенскиот Патријарх...

Зохран Мамдани на прва петочна молитва по победата: првиот муслиман во историјата на чело на Њујорк повика на правда и инклузивност

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, учествуваше на својата прва петочна молитва по изборната победа во џамија во...