АГАТАНГЕЛ: лажна е веста дека МПЦ-ОА се откажува од името

Date:

Share post:

Повардарскиот митрополит Агатангел вели дека се лажни информациите дека МПЦ-ОА, ќе го менува своето име и дека во писмото испратено до Вселенскиот патријарх стои предлог за бришење на придавката „македонска“.

Владиката Агатангел во интервју за емисијата ЅИД на Телевизија Алфа, ги оцени како дезиформации со цел создавање забуна пишувањата на дел од медиумите.

Тој потврдува дека од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј е побарано признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА и дека никој во Синодот на МПЦ-ОА не размислува да се откаже од името на црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here