Германија го осуди исмевањето на холокаустот

Date:

Share post:

germania 1Германската влада денеска го осуди напреварот за најдобра карикатура која ќе го исмее Холокаустот што се одржува во Иран. Според портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Шефер исмевањето на холокаустот покажува колкави се омразата и поделбите на Блискиот Исток.

Настанот на кој карикатуристите го исмевале Холокаустот е организиран од страна на невладини организации поддржани од ирански националисти. Предходниот натпревар во 2006 година беше поддржан од тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџат кој што тврдеше дека холокаустот е мит кој никогаш не се случил вистински.

-Убиството на шест милиони деца, жени и мажи за време на Холокаустот за што Германија носи вина и одговорност не смее да биде сведено на исмевање , изјавил Шефер во Берлин.

Според германската дипломатија жално е што овој настан воопшто се случил. И министерот за надворешни на Германија, Франк Валтер Штајнмаер за време на посетата на Техеран во Февруари побарал да запре ваквата практика на исмевање на холокаустот.

Претходно натпреварот за карикатури со тема Холокауст беше осуден и од Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img