Путин и Медведев на Велигден со Кирил

Date:

Share post:

RPC veligden 2Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев присуствуваа на велигденската литургија во храмот на „Христос Спасителот“ во Москва која ја предводеше патријархот московски и руски Кирил, каде присуствуваа и неколку илјади верници.

Неколку минути пред да пристигне благодатниот оган од Ерусалим, сите присутни го извршија опходот околу црквата.

Велигденската богослужба синоќа се одржа во околу 30.000 цркви и манастири на Руската православна црква низ Русија и светот, а централната прослава во главната црква во Москва ја пренесуваат и државните телевизии.

Традицијата на главната велигденска литургија во соборниот храм почна во 2001 година, во повторно изградениот храм Христос Спасителот, а на богослужбата традиционално присуствува и рускиот државен врв, на чело со претседателот.

Путин само двапати додека е на највисоките државни функции за Велигден не бил во Москва – во 2000 година како вршител на должноста претседател бил на литургија во Санкт Петербург, а во 2003 година во соборната црква Свети Никола во Душанбе, каде бил во работна посета.

Анкетите покажуваат дека речиси 80 отсто од Русите го сметаат Велигден за посебен и значаен празник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img