Атинскиот архиепископ и сите митрополити на Грчката православна црква се на листата на грчката држава кои имаат право да користат државни автомобили исти како и што користат министрите во грчката влада. Тоа право им следува, бидејќи во Грција службениците во црквата се евидентирани како државни службеници.
Сепак најголем дел од владиците на ГПЦ, вкучувајќи го и Архиепископот Јероним не го користат ова право и се возат во автомобили сопственост на Грчката црква. Главната причина поради која тие не ја користат оваа државна поволност е различните работни времиња на црквата и на државата. Според државните прописи тоа се работните денови од понеделник до петок, а на црковните великодостојници автомобилите и возачите најмногу им с епотребни за викендите и празниците.
Токму од тие причини, Архиепископот Јероним деновиве испратил трето писмо по ред до гчркиот министер за внатрешни работи во кое инсистира да биде откажан министерскиот декрет кој предвидува задолжително користење на државен автомобил за Атинскиот архиепископ и митрополитите.
Тој потенцира дека црквата да биде избришана од таа лисата бидејќи во реалноста тие не ги користат тие возила.
