Папата Лав XIV ја одржа својата последна општа аудиенција пред Божиќ, при што го нагласил значењето на овој период од годината како време за подготовка за Христовото Раѓање. Во своето обраќање, тој ги повикал верниците да ги подготват не само своите домови, туку и своите срца за доаѓањето на Спасителот, потсетувајќи дека Божиќ не е само празник на радоста, туку и на надежта, милосрдие и мирот што Христос го носи во светот.
Папата истакнал дека Божик е повик за длабоко духовно преиспитување, што нè охрабрува да се отвориме за Божјата благодат и да ја пренесеме љубовта кон ближните, особено кон најслабите и тие во потреба. Според него, вистинската подготовка за Божик подразбира „суштински да се преобразиме внатрешно“, што ги надминува надворешните обичаи и декорации. Тој ги поттикнал присутните да не дозволат комерцијалните и световни аспекти на празниците да ги засенат суштинските вредности на христијанската вера, туку да ја задржат фокусираноста на Христовото доаѓање како дар на мир и спасение за човештвото.
Папата Лав посочил дека Божиќ е честитка за целото човештво: „Во ова време на светла радост и тивка надеж, Христос повторно нè повикува да бидеме негови сведоци на милосрдие и мир меѓу сите народи. Да ги отвориме нашите срца за неговото милосрдие и да ги пренесеме неговите дарови на љубов на оние што најмногу страдаат.“
Во заклучокот на средбата, папата ги повикал сите присутни да ја пренесат оваа порака на надеж и мир во своите заедници, семејства и во секојдневниот живот: „Се молам секој од вас и вашите семејства да доживеете благословени денови како подготовка за доаѓањето на новородениот Исус, Синот Божји и Спасител на светот“, порачал тој пред насобраниот народ.
