Религиската карта на Македонија – Кој на која вероисповест припаѓа?

Date:

Share post:

Религиската структура на населението во Македонија останува речиси непроменета, во споредна со минататат2024 година. Ова го покажува последното истражување на интернет порталот, Религија.мк и Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), поддржано од Фондацијата Конрад Аденауер.

Религискиот барометар за припадност кон одредена вера покажува дека во Македонија 71.9% од населението се изјаснува како припадници на православната христијанска вера. Лани тој процент бил 71.7%. Како припадници на Исламот се изјаснуваат 23,7%. Лани процентот бил 24,1. Како припадници на друга вероисповест се изјасниле 1,4% од населнието, во споредба со минатата година кога тој процент бил 2,5.

Истражувањето бележи мал раст на оние кои се изјаснуваат како атеисти – 2,7%, во споредба со лани кога тој процент бил 1,5.

Истражувањето како и минатите години покажува дека по етничка припадност, 98% од оние кои се изјасниле како православни се Македонци. 95,9% пак од оние кои се декларирале како муслимани, се етнички Албанци.

Иако процентот на декларирани верници е висок, сепак истражуваењето покажува дека голем процент од оние кои се декларираат како верници, за себе велат дека не се религиозни. Само 50.5% од испитаниците за себе рекле дека се религиозни, а 35.3% дека „донекаде се религиозни“. Во споредба со минатото истражување од 2024 година, забележан е пад на бројот на религиозни. Во 2024 година процентот на религиозни бил 57,4%, додека процентот на „донекаде религиозни“ пораснал. Во 2024 година бил 30,7%. Од испитаниците 12,7% се изјасниле дека не се, или дека донекаде не се религиозни.

Анализите на структурата на испитаниците покажува дека процентот на религиозност е најнизок кај студентите и лицата под 29 гдини. Интресно, но етничката структура иа испитаниците покажува дека Албанците за нијанса се помалку религиозни од Македонците.

Истражувањето е направено по завршувањето на локалните избори, во ноември 2025 година. Во ова истражување беа вклучени 1128 испитаници со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Стратификацијата е соодветна со најновите податоци од Државниот завод за статистика. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2%.

Ова истражување на ИПИС, Религија.мк и КАС е дел од проектот за анализа на перцепицијата на граѓаните за улогата на религијата во мултикофесионални општества.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here