„Посетата на Турција и Либан докажа дека мирот е возможен“

Date:

Share post:

Папа Лав XIV по враќањето од својата прва меѓународна апостолска посета, на Турција и Либан, изјавил дека искуството од патувањето јасно покажува дека „мирот е возможен” кога христијаните, заедно со луѓето од други вероисповеди и култури, одлучно се стремат кон дијалог, разбирање и единство.

На неделната молитва, Папата се заблагодарил на сите кои со молитви и работа помогнале ова патување да се организира и спроведе. Тој посебно се осврнал на заедничката читање на Символот на верата заедно со Вселенскиот патријарх, Вартоломеј и со претставниците на другите христијански конфесии на местото на древниот Прв вселенски собор во Никеја, денешен Изник, Турција.

„Во Либан видов луѓе кои со својата христијанска вера примаат раселени, посетуваат затвореници, делат леб со тие што имаат потреба – тоа е вистинското сведоштво на Евангелието“, рекол Папата пред насобраниот народ. Тој истакнал дека го импресионирало топлото добредојде од населението, како и средбата со семејствата на жртвите од експлозијата во пристаништето во Бејрут – што за него претставувало болка, но и надеж.

Папата нагласил дека целиот „патувачки“ маратон — богослужби, средби, молитви и екуменски настани — покажал дека во нашето време, исполнето со поделби и конфликти, е можно да се градат мостови на мир, разбирање и заедништво. „Христијаните, заедно со сите луѓе на добрата волја, можат да го направат тоа“, порачал тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img