Кога Црквата ќе се дигитализира: ЛОГОС – првата православна вештачка интелигенција

Date:

Share post:

Месната митрополија на на Неа Јонија, Кипар, официјално го претставилаЛогос систем за вештачка интелигенција наменет за православни верници кои бараат духовни одговори и богословски појаснувања. Самиот систем, како што е наведено, претставува „помош за духовната потрага и изучување на верата“. 

Преку апликацијата корисниците можат да добијат толкувања на Светото писмо, објаснувања на преданието и делата на Црквата, информации за Светите тајни (крштение, причест, исповед), молитви, пастирски совети, како и упатства за духовно живеење и др.

Од креаторите на апликацијата јасно било нагласено дека Логос“ не е замена за свештеник, ниту може да ја замени исповедта, молитвата или мистичната природа на Црквата нејзината задача е да биде дигитално помагало, средство за образование и духовно појаснување, а не да има водечка улога во пастирската служба. 

Проектот бил развиен во соработка со научната заедница ИКТ-лабораторијата Херон и Универзитетот на Егејот, што ја истакнува сериозноста и намерите да се спојат традицијата на православното предание со современата технологија. 

Со оваа иновација, Црквата во Грција покажува дека е подготвена да ја вклучи дигиталната ера во својата пастирска мисија — да ја направи верата подостапна за верниците, особено за помладите генерации, и да понуди проверени, традиционално основани одговори во време на информациски разновидност. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img