Папа Лав XIV го прими премиерот на Хрватска

Date:

Share post:

Андреј Пленковиќ, премиерот на Република Хрватска, бил пречекан на аудиенција од Папата Лав XIV во Ватикан. 

Средбата се одржала во Апостолскиот дворец, како дел од официјалната програма на хрватската делегација. На разговорот присуствувала и сопругата на премиерот, како и официјални претставници од неговиот кабинет. 

Главна тема на разговорот била пошироката соработка помеѓу Светиот престол и Хрватска, со посебен акцент на значењето на христијанските корени за иднината на Европа, но и на безбедносно-политичките предизвици од актуелниот конфликт во Украина. 

Во официјалното соопштение од Ватикан се наведува дека двете страни ја потврдиле добрата досегашна соработка и изразиле намера да ја продлабочат во области од заемен интерес, вклучувајќи развој, воспитание, заштита на семејството и човековите права. 

Овој прием доаѓа само неколку месеци по почетокто на службата на новиот Папа.  —

Во контекст на регионалната случувања, оваа средба би можела да значи обновување на улогата на Ватикан како активен дипломатско-морален фактор на Балканот, а за Хрватска — можност за јакнење на меѓународното влијание и промоција на стабилност и мир низ призмата на заедничките европски и христијански вредности.

Се очекува наскоро да биде објавен и заеднички документ или изјава, што може да даде дополнително светло на дадените ветувања и новите области на соработка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img