Филм за гробот на апостолот Петар

Date:

Share post:

Ватикан објави дека бил подготвен нов документарен филм посветен на гробот на апостолот Петар — местото кое христијаните традиционално го сметаат за темел на Римската црква. Водител на содржината на оваа фаза од филмот, ќе биде популарниот актер Крис Прат.

Според официјалното соопштение, филмот ќе ја прикаже историјата на извештаите за гробот, археолошките истражувања, како и значењето на местото. Снимањето ќе вклучува архивски материјали, експертски разговори, реконструкции и виртуелни обиколки — со цел да се долови и духовната, но и историската и академската димензија на откритијата.

Оваа одлука — да се вклучи популарен и комерцијален елемент има за цел темата да се приближи до пошироккруг на публика, и тоа не само меѓу верниците. Филмот, како што се наведува, треба да ги надмине границите на религиското и да го отвори дијалогот за вредноста на наследството, верата и историското паметење во современиот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img