Измамници се обидуваат да ја злоупотребат верата и човечката ранливост

Date:

Share post:

Историскиот манастир „Кику“ од Кипар се нашол на мета на измамници кои, преку лажни интернет-објави, се обиделе да го искористат религиозното чувство и здравствената мака на луѓето, предупредило монашкото братство со соопштение до јавноста.

Причина за реакцијата е серија објави на сомнителни веб-страници, во кои се тврди дека монасите наводно поседуваат „тајна формула“ што може да излекува проблеми со зглобовите за 30 дена. Во измамата бил вклучен и измислен „игумен“, претставен како отец Андреј, кој наводно „јавно говори“ за откритието што наводно „го потресло медицинскиот свет“.

Манастирот реагирал остро, нарекувајќи ги објавите целосно лажни и истакнувајќи дека вистински игумен е Митрополитот Никифор, како и дека никој од браќата никогаш не учествувал во вакви содржини.

Во соопштението се наведува дека ваквите интернет-текстови имаат исклучиво финансиска цел, бидејќи на крајот од содржината читателите се повикуваат да нарачаат неименуван „производ“ со плаќање преку интернет.

Монашката заедница ги осудила ваквите практики како цинична злоупотреба на луѓе кои страдаат и апелирала до јавноста да не покажува интерес и да не подлегнува на вакви онлајн измами.

Пред извесно време, објава со слична содржина се прошити и во македонскиот простор, кога Бигорскиот манастир беше посочен од страна на лажна фејсбук страница во сличен контекст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img