Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја прифатил поканата од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и присуствувал на официјалната прослава по повод Националниот ден на Турција во Анкара, одбележан во претседателската палата Beştepe. Патријархот бил придружуван од Митрополитот Емануил Халкидонски и други претставници на Вселенската Патријаршија
Настанот, на кој биле присутни политички и дипломатски претставници од Турција и странство, ја истакнал подготвеноста на Патријаршијата да учествува во значајни државни церемонии, демонстрирајќи конструктивен пристап кон институциите на земјата во која се наоѓа нејзиното историско седиште. Присуството на Вартоломеј било оценето како симболичен потег што ја нагласува заложбата за дијалог, стабилност и мирно коегзистирање во период на чувствителни регионални и општествени предизвици.
Патријархот, кој ја предводи Вселенската патријаршија веќе три децении, редовно упатува пораки за толеранција и соработка, а неговото присуство во Анкара се чита во истиот дух: продлабочување на комуникацијата со државните институции и афирмација на ролјата на православната заедница во современата турска реалност.

