Чешкиот Екуменски совет го суспендирал членство на Православната црква на една година

Date:

Share post:

Екуменскиот совет на црквите во Чешка донесе одлука да ѝ го суспендира членството на Православната црква на Чешките земји и Словачка на период од една година, јавува Radio Prague International. Одлуката следи по внатрешна ревизија и серија на состаноци на кои биле разгледувани односите со православната заедница.

Според образложението на Советот, суспензијата е поврзана со „сериозни причини“, меѓу кои се наведуваат можно руско влијание врз дел од свештенството, можност за злоупотреба на црковните структури за проруски пораки и нетранспарентно финансиско управување. Со тоа, православната црква — според Советот — не ги исполнува во целост критериумите за членство кои се однесуваат на транспарентност, екуменска соработка и општествена одговорност.

Православната црква категорично ги отфрлила овие обвинувања. Во неколку претходни јавни изјави, нејзините претставници истакнале дека не се проруски ориентирани и дека не даваат поддршка за руската агресија врз Украина, нагласувајќи дека црквата има независен став и дека не учествува во политичка пропаганда.

Екуменскиот совет прецизирал дека суспензијата не претставува трајно исклучување. Целта, како што се наведува, е да се отвори простор за дијалог, подобрување на меѓусебната доверба и усогласување со принципите на Советот. По една година ќе биде направена нова процена дали православната црква може да се врати како полноправен член.

Одлуката привлекла внимание во верските и општествените кругови во регионот, бидејќи ја отсликува пошироката дискусија околу политичките влијанија во црковните заедници и нивната улога во јавниот живот, особено во контекст на војната во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img