Вартоломеј со силна порака пред средбата со Папата: Потребна е духовна зрелост, не егоизам

Date:

Share post:

Во пресрет на историската средба со Папа Лав XIV во Никеја, по повод одбележувањето на 1700-годишнината од Првиот ввселенски собор, Вселенскиот патријарх Вартоломеј во интервју за грчкиот весник „Катимерини“посочил дека разговорите меѓу двете Цркви имаат „високо симболично значење“, истакнувајќи дека новиот папа веднаш ја прифатил поканата. Тој потсетил дека првичната покана била упатена во 2014 година до покојниот папа Франциск и дека сега таа го наоѓа својот „историски континуитет“ преку папата Лав XIV. „Ќе се сретнеме на истото место каде што беше свикан Првиот вселенски собор“, забележал тој.

Тој нагласил дека нивното заедничко присуство во Никеја не е само дипломатски чин, туку израз на подлабоко пријателство и стремеж кон обновување на видливото единство на Црквата Христова. Патријархот нагласил дека оваа средба пренесува јасна порака за братски односи и „непоколеблива посветеност на продлабочување на теолошкиот дијалог“ меѓу двете Цркви. „Нашата желба – и нашиот напор – е обновување на видливото единство на Црквата Христова и на нашата меѓусебна причест, за што се молиме непрестајно“, рече тој.

Објаснувајќи го прашањето дали состанокот во Никеја може да послужи како порака за повторно обединување на христијаните, Вселенскиот патријарх изразил претпазлив оптимизам. Тој ја го потврдил постоењето наилјадагодишната поделба што сè уште ги разделува Истокот и Западот, но нагласил дека христијаните не можат да ја занемарат Христовата заповед за единство. „Длабоките рани не заздравуваат лесно“, забележал тој, „но она што е невозможно за луѓето е можно за Бога“.

Тој повикал на надминување на егоизмот и предрасудите и на продолжување на искрениот дијалог, нагласувајќи дека заедничкото присуство во Никеја носи „историско значење“ и потсетува на заедничкото патување во првиот христијански милениум.

Патријархот, исто така, ги истакнал превирањата во современиот свет – војни, социјални нееднаквости и еколошка криза – предупредувајќи дека овие предизвици бараат веродостоен и обединет христијански одговор. „Христијанските пастири мора да зборуваат со зборови што навистина убедуваат“, рекол тој, нагласувајќи ја потребата од „заедничко сведоштво што го поддржува и духовно го зајакнува современиот човек среде искушенијата на нашиот потресен свет“.

Подготвувајќи ја оваа средба со папата, патријархот гледа на настанот како можност за конкретен напредок во дијалогот и како порака до целиот христијански свет за значењето на братската љубов и единството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img