Папа во саботата ја прифатил оставката на 76-годишниот епископ од Кадис, Рафаел Зорноса, кој бил истражуванод црквата за наводно сексуално насилство врз млад семинарист во 90-тите години. Ова е прв познат случај кога новиот папа отстранува епископ обвинет за злоупотреба.
Во соопштението на Ватикан не била наведена причината за прифатената оставка. Зорноса ја понудил оставката уште минатата година по навршувањето на 75 години – возраст кога епископите вообичаено се повлекуваат – но таа не била одобрена.

Шпанскиот дневен весник Ел Паис објави дека Зорноса бил предмет на истрага од црковниот суд, по обвиненија дека како млад свештеник и раководител на семинаријата во Хетафе, сексуално малтретирал тогашен млад семинарист. Во писмо испратено до Ватикан ова лето, жртвата тврдела дека Зорноса го извршувал делото во течение на 7 години.. Исто така, се наведува дека епископот го убедувал да оди на психијатар со цел да се„излечи“ од хомосексуалност.
Епархијата на Кадис ги негира обвинувањата, но потврди дека истрагата е во тек и ја води црковниот суд во Мадрид, познат како Рота. Во соопштение од 10 ноември, епархијата информира дека Зорноса соработува со истражителите и дека привремено ги стопирал своите активности поради тешка форма на рак, за кој прима третман. „Обвиненијата поврзани со настани стари речиси 30 години се многу сериозни, но невистинити“, стои во соопштението на епархијата.
Овој случај се смета за прв јавно познат пример на пензионирање на епископ во тек на истрага за сексуално малтретирање, откако шпанската црква во последните години почна да се соочува со децениското наследство на злоупотреби и нивно прикривање. Во 2023 година, првото официјално истражување за злоупотреби во Шпанија покажало дека бројот на жртви може да достигне стотици илјади, според анализа изработена од канцеларијата на шпанскиот омбудсман. Истражувањето опфатило 487 директно обработени случаи во рамки на 18-месечна независна истрага.
Католичките епископи на Шпанија побарале прошка, но воедно ги отфрлиле претпоставките на омбудсманот како „невистинити“, тврдејќи дека многу повеќе злоупотреби се случувале надвор од црквените институции.
Подоцна, шпанската католичка хиерархија спровела сопствено истражување и во 2024 година објавила дека идентификувала најмалку 728 лица осомничени за сексуално насилство во црквата од 1945 година наваму. Билпокренат и план за обесштетување на жртвите, откако шпанската влада го одобрила механизмот со кој црквата е должна финансиски да ги надомести оштетените.

