Сè посериозен недостиг на свештеници во Бугарската православна црква

Date:

Share post:

Општина Петрич се соочува со сè поизразен проблем со недостиг на свештеници, предупредил архиерејскиот намесник на Петричката духовна околија, отец Павел Милушев, во изјава за БТА.

Според него, секој од активните свештеници покрива не само храмови во градот, туку и во неколку околни села. „Во моментов во Петричката духовна околија има 16 свештеници, а 47 цркви. Девет од нив се пензионери, што дополнително го отежнува извршувањето на целиот богослужбен циклус, кој трае околу четири часа“, изјавилотец Павел.

Поради тоа, помладите свештеници го носат најголемиот товар на редовните служби, како и дополнителните обреди – крштавки, венчавки и треби. Ова води кон значително преоптоварување и го усложнува организирањето на богослужбите во подалечните храмови.

Архиерејското намесништво посочило дека бројот на духовници во регионот значително опаднал во последните децении. Кон крајот на 90-тите години во Петричката околија имало повеќе од 50 свештеници. Главна причина за падот, според отец Павел, е недостигот од млади духовници и незаинтересираноста за свештеничката служба.

Во моментов се преземаат активности за привлекување нови духовници. Поднесени се неколку молби, но постапката за ракополагање е долга и сложена, објаснува отец Павел. За нормално функционирање на сите храмови во општината, потребни се најмалку 30 нови свештеници.

„Бог ги повикува луѓето во црквата. Бог нè призива на служба – некого порано, некого подоцна. Да се молиме. Ги молам луѓето за повеќе разбирање“, порачал отец Павел Милушев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img