Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Date:

Share post:

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските светители. Настанот оваа година се совпадна со Денот на Москва и прерасна во обемна манифестација со значајна симболична и политичка тежина.

Литијата ја предводеше Патријархот Кирил, кој дел од рутата – од катедралата „Христос Спасител“ до Новодевичкиот манастир – ја помина пеш, додека остатокот со придружно возило. Рутата, долга седум километри, беше наречена „историска“ од страна на Патријархот, кој истакна дека на овој начин се обновува една „духовна традиција прекината од богоборците во минатото“.

Screenshot

Според податоците од организаторите, на литијата присуствувале меѓу 34.000 и 40.000 верници од сите московски парохии, иако некои православно-патриотски извори наведуваат дури 100.000 до 150.000 учесници. Претходна поворка од ваков обем се одржала во 2015 година, по повод 700-годишнината од служењето на свети Петар Московски.

Во официјалната проповед, Патријархот истакна дека литијата е „сведоштво за православниот карактер на Москва“ и дека „градот никогаш нема да се откаже од своето христијанско наследство“. Најголемо внимание привлече молитвениот повик за претседателот Владимир Путин, јавно изговорен од архиѓаконот:

„Се молиме за претседателот на нашата држава Русија, Владимир Владимирович, од небото да му се даде… добро да управува со нашата земја, да воспостави мир и ред во неа.“

Во подготовката и обезбедувањето на настанот беше вклучена и крајно-десничарската организација „Руска заедница“, што предизвика реакции кај дел од јавноста. Организацијата, која отворено поддржува воени операции и антиисламска реторика, во последните години стекна политичко влијание и блиски релации со одредени црковни кругови.

Поворката се одржа со знамиња, верски симболи и слогани, меѓу кои најмногу одекна:„Ние сме Руси, Бог е со нас!“

На социјалните мрежи кружи видео од група африкански студенти по богословие – пристигнати од Кенија, Танзанија и Уганда – кои го пеат слоганот со руски акцент, како дел од поширока мисија на Руската црква во Африка.

И покрај масовноста, државните медиуми посветија минимално внимание на настанот, што според аналитичарите укажува на одредена воздржаност од Кремљ кон самостојните религиско-патриотски собири.

Само неколку месеци пред православната литија, во јуни 2025 година, во Москва се одржа традиционската молитва по повод Курбан Бајрам, на која – според официјални податоци – присуствувале околу 250.000 муслимани, од кои 80.000 се молеле пред Централната џамија во Москва. Настанот се одвиваше мирно и организирано, но предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и кај дел од православно-патриотските кругови, кои го истакнаа како „доказ за демографската промена на градот“.

Двата настани покажуваат дека Москва е мултирелигиски мегаполис, каде што различни верски заедници мобилизираат десетици илјади луѓе. Но, начинот на кој тие настани се перцепираат, медиумски третираат и политички инструментализираат – силно се разликува. Според аналитичарите, овој дисбаланс го отсликува тензионираниот однос меѓу религиозниот плурализам и државниот идеолошки приоритет кон „традиционалните вредности“. Истовремено, обезбедувањето на црковен настан од страна на националистички структури, како „Руската заедница“, го поставува прашањето за сè потесната врска меѓу религијата и екстремната политика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...

Архиепископот Стефан ги освети темелите на нов храм во Драчево

На 8 ноември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги освети темелите за изградба...