Архиепископот Стефан ги освети темелите на нов храм во Драчево

Date:

Share post:

На 8 ноември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги освети темелите за изградба на новиот храм посветен на свети великомаченик Димитриј Солунски во скопската населба Драчево.

На свечениот чин присуствуваше голем број верници, кои со молитва и радост го поздравија почетокот на изградбата на храмот. Меѓу присутните беа и градоначалникот на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, г-ѓа Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Новиот храм ќе претставува духовен центар за жителите на Драчево и поширокиот регион, а неговата изградба е дел од континуираните напори на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за обновување и зајакнување на верскиот живот во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...