ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Date:

Share post:

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори од гласачи од Валандово и еден приговор од гласач од Карбинци.

Иако, рокот за приговори за гласање во домашни услови заврши на 14 октомври, како што информираше претседателот на ДИК Борис Кондарко, разгледани се овие четири приговори затоа што решенијата на гласачите им се дадени од страна на ОИК на 14 октомври.

– Проблемот настана што ОИК одлучувала за нивно одбивање на 11 октомври и дури три дена подоцна ги изготвила и им ги врачила решенијата на гласачите. Затоа одлучивме приговорот да го сметаме за навремен за да не се наруши правото на граѓаните кое не е по нивна вина затоа што уредно го примиле решението и во законски рок поднеле приговор, појасни Кондарко.

Денеска од страна на ДИК се одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите со што вкупниот број на набљудувачи во недела ќе изнесува 1.462 набљудувачи од кои 808 се домашни и 664 меѓународни набљудувачи и 12 странски новинари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...

Архиепископот Стефан се сретна со матурантите од Карловачката богословија

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан имал средба со матурантите од Српската богословија од Сремски Карловци. Скопската епархија објави фотографии...