Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан имал средба со матурантите од Српската богословија од Сремски Карловци.

Скопската епархија објави фотографии од средбата од 16 октомври, во архиепископијата во Скопје.
-На 16 октомври 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари срдечна средба со матурантите од Српската православна богословија „Свети Арсениј“ од Сремски Карловци. Средбата се одржа во рамките на нивното поклоничко патување по македонските православни светињи, стои во соопштението.