Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ТМРО, Александар Рашковиќ ја заокружи изборната кампања. Вели дека измеинативе денови успеале да разговараат директно со граѓаните и да им ја понудат својата визија за модерно Скопје.
Последниот ден од кампањата го посвети за младите уметници пред кои ја претстави неговата програма.
-Ги установивме нивните проблеми. Генерален проблем е тоа што немаат младите каде да се произнесат. Значи во сите државни институции аплицираат, бирократија, документи итн. Чекање. Затоа ние во нашата програма имаме предвидено и ќе го реализираме тоа. Неколку објекти урбани, од кои некои ќе бидат посебно изградени, некои адаптирани на веќе некои стари објекти, каде што ќе можат младите уметници, да творат, да произведуваат уметност и секако поврзување со бизнис заедницата, за да можат тоа да го уновчат. А на крајот и поврзување со меѓународни инситтуции, каде што ќе можат да гостуваат и да ја пласираат културата на нашата држава, изјави Рашковиќ.