Владиците Петар и Никола служеа литургија во Вааламскиот манастир – спомен на архимандритот Методиј

Date:

Share post:

Владиците Петар и Никола, заедно со архимандритот Атанасиј ја продолжија посетата низ Руската православна црква. Овој пат биле во посета на Валаамскиот манастир, каде служеле литургија.

Претходно на гробот на архимандритот Методиј, кој беше по потекло од Македонија, отслужиле помен.

-Веднаш по пристигнувањето на островот, гостите, во придружба на населеникот на Валаамскиот манастир, јеромонах Наум (Петковски) – родум од Македонија, и водичот на поклоничката служба на обителта, Даниил Колесников, го посетија Спасо-Преображенскиот собор, каде што се запознаа со главните светињи на манастирот и вознесоа молитви пред нив, велат од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА.

Следниот ден на 16 октомври, во храмот на рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, во поклоничкиот дом „Славјански“, владиката Петар ја предводел литургијата,  во сослужение со Епископите Панкратиј и Никола.

-За време на богослужбата, на заупокоената ектенија беа спомнати приснопамјатниот архимандрит Методиј – по чиј труд е изграден овој храм, како и неговите родители, Кирил и Слободка. Главната животна желба на отец Методиј, кого во свое време Неговата Светост Патријархот Кирил го нарече „пратеник на Македонија во Русија“, беше признавањето на автокефалноста на канонската Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, што се оствари во мај 2022 година, една година по неговото блажено упокојување, велат од Валаамскиот манастир.

Потсетуваат дека до 2022 година, претставници на Македонската Црква ги посетувала пределите на Русија, вклучително и Валаам, но никогаш не служеле Литургија и не се причестувале.

-Поради тоа, денешниот ден има историско значење, како што истакна Игуменот на Валаамскиот манастир, Епископот Троицки Панкратиј, во своето слово по завршувањето на богослужбата. Првпат по признавањето на автокефалноста, делегација на Македонската Православна Црква ги посетува светињите на Руската Православна Црква, и првпат имаме голема милост од Седржителот да се причестиме од едната Христова Чаша“, изјавил митрополитот Петар.

-По затворањето на Валаамскиот манастир во 1940 година, многу монаси се разотидоа на различни места, меѓу кои и во Македонија и други балкански земји. Ние ги паметиме и им благодариме за нивниот пример на вера. Верувам дека Македонија ја врати таа чест преку личноста на архимандрит Методиј, кој живееше на Валаам цели 28 години, потенцирал Петар.

Во наредните денови ќе продолжи запознавањето на делегацијата на МПЦ-ОА со скитовите и знаменитите места на Валаамскиот архипелаг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...