Владиците Петар и Никола ја посетија и руската духовна академија во Санкт-Петербург

Date:

Share post:

Македонската црковна делегација, која веќе една недела е во посета на Руската црква, ја посетила и руската Санктпетербуршката Духовна Академија. На 13 октомври, владиците Петар и Николасе сретнале со претседателот на протоколниот оддел на Санктпетербуршката епархија, Иван Николаевич Судоса, и неговиот помошник, свештеникот Евгениј Тимофеев, кој за делегацијата организирал обиколка и запознавање со Академијата.

-Посетата се одржа во рамките на зацврстувањето на меѓуцрковните врски и запознавањето со системот на духовното образование во Русија. За време на посетата, гостите посетија два академски храма, каде што беа запознаени со светите мошти што се чуваат таму, го разгледаа Црковно-археолошкиот музеј и наставните простории. Особено внимание беше посветено на запознавањето со академската библиотека. Нејзиниот управител, архимандрит Стефан Садо, лично им покажа книги на македонски јазик и им раскажа за библиотечните фондови. На солејата на академскиот храм на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, раководителот на меѓународниот оддел на Академијата, протојереј Димитриј Сизоненко, им врачи на гостите спомен-подароци — икона на небесниот покровител на Академијата и гравура со приказ на пренесувањето на моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски во Санкт Петербург, пишува во веста објавена сајтот на Академијата.

Сајтот потсетува дека студенти од Македонија студираат на Санктпетербуршката Духовна Академија, што придонесувало за зајакнување на братските односи меѓу двете Цркви.

-Така, во 2010 година од богословскиот оддел дипломираа Филип Илиовски и Филип Станковски, а во 2016 година магистерските студии на библиско-богословскиот оддел ги завршија Живомир Јосифовски и Игорче Ризановски, пишува во веста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...