Десет години литургии на врвот Крчин

Date:

Share post:

Бигорскиот манастир одбележа десет години Богослужба на врвот Крчин на планината Дешат. И годинава над дваесетина монаси, планинари и верници се искачија на врот, каде Светата Евхаристија отслужил архимандритот Кирил

-Оваа година литургиското восходење на Крчин е посветено на три значајни јубилеи од животот на нашата Обител: триесет години од замонашувањето на нашиот возљубен старец, владиката г. Партениј, и од возобновата на монаштвото кај нас; пет години од неговата архиерејска служба – полудеценија на архипастирска грижа и љубов кон своето словесно стадо и десет години од востановувањето на литургиското богослужење на Крчин – декада на благословено предание, со кое небесата се приближуваат до земјата, потенцирал отец Кирил по Литургијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img