Статусот на Украинската праволсавна црква – Московска патрријаршија бил една од темите на разговор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин, што се одржа на Алјаска.
Путин побарал Трамп да ја„заштити“ Украинската православна црква во Украина.
Во статија на „Њујорк тајмс“ дури се наведува дека американскиот претседател ќе го покрене ова прашање како барање од рускиот претседател Путин за време на неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон во понеделник, 18 август.
Украинската влада донесе закон со кој се забрануваат сите верски организации поврзани со Русија.