МПЦ-ОА ќе служи литургија во Стоби за 1800 години од првиот Вселенски собор во Никеја

Date:

Share post:

Македонската православна црква – Охридската Архиепископија ќе го одбележи 1800 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година.

Литургијата со која ќе чининачаствува архиепископот Стефан ќе биде во сабота на 31 мај оваа година во Археолошкиот локалитет „Стоби“, каде постои ранохристијанска базилика од овој период. На архиепископот ќе му сослужуваат и повеќе архијереи на МПЦ-ОА и свештеници.

На Соборот во Никеја во 325 година учествувале и тројца епископи од Македонија, меѓу кои Будиј, Епископот на Стоби, каде ќе се одржи литургијата. Другите двајца епископи, учесници на овој собор се Дакиј, Епископ на Скупи и Александар, Епископ на Солун.

-Присуството на македонски епископи на овој Собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница. Токму заради тоа, во сабота, на 31. 5. 2025 г. денот спроти Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ ќе се отслужи Света Божествена Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство. Ги повикуваме сите православни верници од нашата Татковина Македонија да го збогатат со своето присуство овој светол и свечен настан, со што во заедничка радост, соборно ќе ја прославиме 1700-годишнината од одржувањето на историскиот Прв вселенски собор, велат од Скопската епархија на МПЦ-ОА.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img