Романскиот Патријарх Даниел изрази длабока тага за трагедијата што се случи во Кочани

Date:

Share post:

Романскиот Патријарх Даниел испрати порака на сочувство по трагедијата што се случи во неделата во Кочани.

Неговото писмо во продолжение интегрално.

„До
Неговото Блаженство Стефан,
Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија

Ваше Блаженство,

Со длабока тага дознавме за трагичниот настан што се случи утрото во неделата, на 16 март 2025 година, во градот Кочани, Северна Македонија, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а уште 100 беа повредени.

Во овие моменти на тага за народот на Северна Македонија, го молиме Најмилосрдниот Бог да ги упокои во Неговиот мир и во Неговата љубов душите на загинатите во овој трагичен настан, да им даде брзо закрепнување на повредените и да им дарува утеха на нажалените семејства во светлината на Христовото Воскресение.

Со братска љубов во Исус Христос, нашиот Господ,

† Даниел,
Патријарх на Романската православна црква“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...