Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој деновиве е во прва работна посета на Австралија, на 09. 02. 2025 година, ја посетил Македонската православна црковна општина „Света Петка“ во Рокдејл, каде што присуствувал на неделната литургија.
-Министерот Муцунски беше најтоплосрдечено пречекан од Управата на храмот, од чие што име парохискиот свештеник јереј Владо Недески му посака топло добредојде и го запозна со историјатот и дејноста на оваа црковна општина. Министерот го искажа своето задоволство дека денес, покрај многубројниот народ се чувствува како дома, велат од Епархијата на МПЦ-ОА.
Храмот „Света Петка“ е втора црква од Австралиско-сиднејската епархија, која е посетена од министерот Муцунски, кој претходно во Мелбурн го посети македонскиот манастир „Свети Климент Охридски“. Министерот Муцунски е првиот македонски министер што ја посетил Австралиско-сиднејската епархија.








