Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамки на својата прва работна посета на Австралија, на 07. 02. 2025 година го посетил најстариот македонски манастир во дијаспората „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк – Мелбурн.
Министерот со неговата придружба во манастирот бил пречекан од игуменот о. Гаврил (Галев).
За време на посетата министерот Муцунски оствари и средба со игуменот Гаврил, со претседателот на црковната општина во Мелбурн г-дин Дејан Змејковски, како и со останатите преставници на Македонската православна заедница за Викторија при што беше запознат со црковните состојби на Австралискиот континент и воопшто со предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Австралија. Министерот беше воодушевен од местоположбата и мисијата на манастирската заедница. Средбата помина во пријатна и срдечна атмостфера, велат од австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.
Муцунски во објава на социјалните мрежи изјави дека „Црквите играат клучна улога во поврзувањето со дијаспората, како и во зачувувањето на македонската култура, традиција и духовен идентитет“.

