Зградите не се начин да се „измери“ Анастасиј

Date:

Share post:

До денес, секогаш кога сакавме да зборуваме за делото на Анастасиј, покажувавме згради. Училиштата, универзитетот, болницата, домовите за стари лица, хидроцентралите, прекрасните цркви, прекрасната катедрала. Проекти кои повеќето од нас веројатно (сигурно) не би можеле да ги реализираат, но ниту да ги нацртаат на хартија.

А сепак, ова, како што од сите е признаено, а и буквално огромно дело, што овој човек го направи во текот на трите децении додека ѝ служеше на Црквата на Албанија како нејзин претстојател, не беше неговото најголемо достигнување. Воопшто.

Всушност, би било огромна неправда кон овој човек да се мери неговата работа врз основа на згради. Ниту квадратните метри, ниту списоците на инфраструктура и згради не се соодветни мерни единици за да се пресмета големината на придонесот на овој човек. Мерната единица за пресметување на работата на Анастасиј е различна. Тоа се душите!

Затворете ги очите и обидете се да се најдете во Тирана во времето кога Вселенската патријаршија му го даде на Анастасиј клучот од гробот на Црквата на Албанија и мисијата да ја воскресне. Затоа што, меѓу нас, ова всушност се случи.

Земја која почна да излегува од тежок и чуден период на владеење. Народ поделен етнички, политички и верски. Економијата во хаос, социјалната кохезија под постојан тест и една земја која ја гледа Грција како непријател, а грчкото етничко малцинство на југ како „проблем“. Ова беше неговиот „мираз“.

И кога отиде таму, тој беше за екстремните националисти Гркот, за неверниците и друговерците Православниот и за некои од нас овде во убава Грција – „организацискиот“ (се мисли на религиозната организација „Зои“, чие наследство денес е критикувано од мнозинството на православните во Грција како нетрадиционално, н.з.).  Албанските националисти се плашеа дека тоа ќе ја направи црквата грчка, грчките суперпатриоти дека нема да ја направи доволно грчка или уште полошо албанска, и секако сите имаа свое мислење.

Ако Анастасиј не беше човек, сигурно ќе беше пастрмка затоа што цел живот, секогаш кога требаше да ги положи „јајцата“ од својата работа, мораше да плива обратно против илјадници струи.

И сега, денес, кога неговите деца за последен пат го облекоа во свештена одежда, од двете страни на границата има луѓе со „вага“ во рака да видат колку албанско, а колку грчко ќе биде неговото наследство. За нивна несреќа, пак, Анастасиј не изгради ниту грчка, ниту албанска црква. Анастасиј ја воскресна Православната црква во Албанија. Овој екуменски човек не остави зад себе ниту Албанци, ниту Грци, зад себе остави православни Христијани.

Сите овие денови Грците и Албанците заедно се молеа тој да ја надмине оваа голгота. А во четврток во Соборниот храм на Воскресението, но и во секоја црква каде што ќе се пее молитва за неговата душа, Албанците и Грците ќе плачат еден до друг. А со нив и други кои не се православни, кои не се ни христијани.

Затоа што како што кажав, Анастасиј мора да го „мериме“ само според душите. Душите кои ги успокојуваше. Душите што ги научи да живеат во хармонија. Душите кои денес останаа сираци.

Анастасиј сите овие години ѝ даваше живот на Црквата на Албанија. Сега кога него го нема, ќе го запознаеме неговото најголемо достигнување, нејзината душа, нејзиниот народ!

Пишува:Андреас Лударос

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...