Петар и Григориј ќе вршат попис на епархиите со кои раководеше Тимотеј

Date:

Share post:

Митрополитите Петар и Григориј ќе вршат попис на епархиите со кои раководеше починатиот митриополит Тимотеј – Дебарско-Кичевската и Австралиско-Сиднејската, дознава Религија.мк од извори во Синодот на МПЦ-ОА.

Таква одлука донел редовниот состав на Синодот, на вчерашната вонредна седница.

Синодот вчера издаде соопштение за детали за погребот на Митрополитот Тимотеј, но оваа одлука не беше соопштена.

Религија.мк побара став од Кабинетот на Архиепископот за потврда, или за демант на ова вест, но досега таква информација не доби.

Според процедурите на Црквата, тричлена комисија составена од Синодот треба да извраши попис на епархијата и да утврди во каква финансиска состојба е епархијата  и дали починатиот владика имал свои последни желби, запишани во Тестамент. Станува збор за редовна процедура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img