И владиката Петар ќе се закити со орден – ем ревносен на верата, ем национален стожер

Date:

Share post:

Општина Прилеп ќе го одликува владиката Петар со „наградата за животно дело-Златна плакета 3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Една од најконтроверзните личности во МПЦ-ОА, ќе добие општинско признание, за како што стои во образложението – огромна ревност и оданост за верата. Вториот критериум за кој општина Прилеп одлучила да го одликува е што тој „секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа“.

Наградата ќе му биде врачена на денот на ослободувањето на Прилеп.

Интересно, но општинската комисија за награди од Прилеп, треба сериозно да образложи кои се вредносните критериуми по кои ја мерела „огромната ревност и оданост за верата“.

Владиката Петар во својата истрија во Црквата е познат само по конфликти и кавги. Дали одданост на верата и ревност е прогонот што го правеше против Владиката Кирил? Дали одданост на верата е неговиот кочијашки речник во настапите по медиумите и клеветничките испади против своите браќа архијереи? Колкава е оданоста на верата и ревноста кон нејзе кога ги затвораше црковните двери за да не може некој достоинствено да ги испрати своите родители на оној свет? Оданост на верата ли е да не ја потпишете одлуката за избор на Архиепископ, само затоа што Вие не сте седнале на Тронот? И редица други прашања.

Вториот критериум – стојач на браникот на националните интереси на државата, веројатно воопшто не е критериум за награда на едно црковно лице, но и овде дали комисијата на пример го имала предвид односот на владиката Петар кон македонското црковно прашање, од Нишкиот договор, па се до денешното, како вели сам: „Осечам се боље са Вама, него са моим доле“… Национален интерес ли е да предлагате име „Северномакедонска православна црква“? Што има национално во тоа да МПЦ-ОА ја држите во изолација и предмет на инетрес на Руската црква? Има тука уште многу теми околу „националните штитења“, особено познати од последната година.

Но, ако наградата е доделена заради добро испеаната „Послушајте патриоти“, тогаш таа е заслужена…

11 COMMENTS

          • Nasite od Avstralija ne se spomenati vo tekstot, prvo. Vtoro, da ne bese dedo Petar nasite od Avstralija dosega ke bea pod Carigrad. I ti mozes da gi prasas. I tie pod dedo Petar I tie pod dedo Timotej. I tie pod dedo Pimen ako sakas. Odnosno, da ste vie pod Moskva ili pod Carigrad, ke molcite kako ribi. Deka ste pod dedo Petar si pravite sto si sakate. I pak ne vi e pogodeno.

    • Ѓокице не влагај у филм. Никој не ги посакуе под своја капа античкине шупелки од Аустралија. Најмалку Константинопол. Само чоек као Петре кој е на нивно интелектуално и културно ниво може да има желба за оние неделкани антички трупци од Аустралија и Америка. И три кила злато да следуе у пакет никој не пројавуе желба за нив.

  1. Majke kaj ti se vratite za tepanjeto sveštenici i vernici po ukrainskite hramovi Ili ne smeeš bez prašanje ??

  2. Никој не е под Дедо Петар, слава му на Бога. Ама во право си за Австралија, резултатот на неговата плодна работа и тоа како се гледа – не една, туку две македонски епархии и тој биполаритет, т.е. мултиполаритет и тука си го задржува во Македонија.

    А не знам што одиш толку далеку до Москва и Цариград, кога тука ни е нашиов сакан Белград, под неговата капа гледам некако најдобро ни оди, за ништо не треба да си се грижиме.

  3. Ѓокице не влагај у филм. Никој не ги посакуе под своја капа античкине шупелки од Аустралија. Најмалку Константинопол. Само чоек као Петре кој е на нивно интелектуално и културно ниво може да има желба за оние неделкани антички трупци од Аустралија и Америка. И три кила злато да следуе у пакет никој не пројавуе желба за нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...