Оти Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.
Како ви се чини? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца? Па, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте загубени“.
Ако знаеме дека Богочовекот Христос дојде да ги пронајде и спаси болните и грешните, а не здравите и праведните, тогаш јасно ни станува кој може да се смета за загубена овца, а кои се останатите деведесет и девет, посебно кога знаеме дека патот е тесен.
Изгубена овца е секој оној кој во подвигот да се уподоби на Христос осознава колку е болен и грешен и кој, колку повеќе се вподобува на Христос, толку повеќе осознава колку е болен и грешен. Таквиот сигурно нема да го најдете на социјалните мрежи како се обидува да влезе во расправа со јавни и црковно познати личности пробувајќи очајно да излезе од својата анонимност и безначајност, што е карактеристика на сите религиозни социопати.“
Пишува: Наум Струмички

