Делчевско-каменичката епархија ќе добие епархиска резуденција во црковниот двор од старата градска црква „Св. Пророк Илија“ во Каменица. Денеска Епископот делчевско – каменички Марко, изврши осветување на камен-темелникот.
– Голема радост ми претставува што денеска сме овде во Македонска Каменица и имаме таква радост и благослов од Бога да направиме осветување на темелите на резиденција на делчевско – каменичката епархија. Се ова се случува по иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски на кого во оваа прилика сакаме јавно да му се заблагодариме и мислам дека само господ може да му возврати на соодветен начин за добрината и љубовта која ја покажува кон нас во изминатата година, откако ние сме поставени во делчевско – каменичката епархија“, изјавил епископот Марко.
Резиденцијалниот објект е на иницијатива на градоначалникот на Каменица, бидејќи Епископт Марко нема услуви за живеење во неговата епархија, туку патува на релација Штип-Каменица-Делчево.
– Со посветеност и љубов, заедно да продолжиме да ја градиме оваа резиденција. Сакам да изразам благодарност до вас, што иако секојдневно патувате, тука сто постојано помеѓу верниците. Се надевам дека ќе успееме за брзо време да го изградиме објектот и ќе создадеме услови да бидете постојано помеѓу верниот народ, – изјавил градоначалникот Атнасовски кој на епископот Марко му врачи признание за успешната меѓусебна соработка и придонес за развојот на заедницата.

