Уапсениот игумен на Киево-Печарската лавра, Митрополитот Павле е ослободен на 7 август, со кауција од близу 1 милион долари.
Според информацијата на УПЦ-МП, гаранцијата од 920 илјади долари е собрана од околу илјада верници, откако на сајтот на црквата беше објавена сметка за донација.
Мирополитот Павле е обвинет за оправдување на руската агресија во Украина и искористување на позцијата како Игумен на Киево-Печарската лавра за да ја распространува идеологијата на „рускиот свет“, како и за разгорување на „меѓурелигиозна омраза“.
Во видео на неговиот телеграм канал, тој им благодари на сите кои го поддржувале.
Митрополитот Павле беше во домашен притвор на луксузниот имот од месец април, а во јули домашниот притвор му беше заменет со притвор кој требаше да трае до 14 август.
