Рускиот Партијарх – Не дај Боже да победат злите сили во Украина

Date:

Share post:

Патријархот московски и на цела Русија Кирил силно ја поддржа политиката на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина, пренесе Интерфакс.

Патријархот ги повика руските граѓани да се молат за мир на „руската почва“, која, според него, ја вклучува не само Русија, туку Украина и Белорусија.

„Господ да ја заштити руската земја! Кога велам „руски“, го користам античкиот израз од „Приказната за минатите години“ – „од каде потекнува руската земја“, која ги вклучува Русија, Украина и Белорусија и други племиња и народи“, рече патријархот, во обраќање до верниците по литургијата вои Храмот Христос Спасител.

„Не дај Боже сегашната политичка ситуација во братска Украина, која ни е блиска, да биде насочена кон тоа да преовладаат злите сили кои секогаш се бореле против единството на Русија и Руската црква“, предупреди патријархот Кирил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img