Шефот на руската црковна дипломатија, Иларион Алфеев доаѓа во Софија в петок за да следниот ден отслужи лутругија во Руската црква во Софија во чест на шестгодишнината од канозирањето на рускиот духовник Серафим Соболев. Заедно со Алфеев доаѓа и Николај Балашов, секретар на одделот за надворешни работи на Руската црква. Со нив двајца ќе служи Варненскиот митрополит на БПЦ, Јован и главниот секретар на Синодот Герасим.
Сепак, бугарските медиуми пишувааат дека главната причина за посетата на Митрополитот Иларион на Бугарија е друга. Целта на патувањето во Софија има геполитички и ценцептциски карактер, а станува збор за потпипшување на договор за руска донација кон БПЦ. Договорот, кој според бугарските медиуни се држи во тајност, имал вредност на неколку милиони долари. Високата сума се однесува за реставрација на бугарската патријаршиска црква „Свети Александар Невски“, а на тој начин да се „купи“ и БПЦ во корист на Руската црковн аполитика.
-Првично договорот требало да биде потпишан од бугарска страна од Патријархот Неофит, но по жестоки телефонски разговори меѓу владиците било решено Синодот да биде страна претставувана од прорускиот митрополит на БПЦ Јован од Варна, пишува Фактор. БГ
Сличен ваков договор Руската црква направи и со СПЦ за доизградбата на Храмот „Свети Сава“ на Врачар.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

