Верски календар: 30 Јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/Св. Мартина.
Живеела во третиот век. Царот Александар сакал да се ожени со неа, но таа го одбила бидејќи сметала дека со тоа ќе го уништи своето верување во Христос. Кога царот дознал дека Мартина е христијанка, се налутил и ја извел пред суд. Тој сакал таа да се одрекне од верувањето во Христос. Кога таа одбила, царот наредил да и ја отсечат главата. Мартина со својата смрт победила, бидејќи ги знаела зборовите на Христос: “Кој ќе истрае до крајот, тој ќе се спаси”. Таа во христијанскиот свет се слави како пример на постојаност и храброст во верата.