ИВЗ: Џамиите нема да бидат затворени, верниците само да одлучат дали ќе дојдат

Date:

Share post:

Муслиманите во Македонија самите да одлучат дали ќе одат на молитва во џамија или истата ќе ја вршат од дома. Ова е пораката од Исламската верска заедница до верниците на прашањето на „360 степени“ – како ќе се постапува особено за петочната молитва на која во џамиите се собираат најголем број на верници.

-И во минатото имавме многу различни болести, но, не се сеќаваме дека џамиите се затворија. Молитвата е лична, индивидуална за секоја личност и цениме дека самите луѓе треба да бидат совесни дали ќе одат во џамија, или ќе се молат дома, велат од ИВЗ за „360 степени“.

Оние мерки што ИВЗ веќе ги презеде, се јавно истакнати на нивната интернет страница уште вчера. Пораката од Реисот Сујелман Реџепи е да се прекине наставата во медресата „Иса Бег“ во скопско Кондово и на Факултетот за исламски науки во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img