Ватикан собира повеќе од 55 милиони долари донации годишно преку својoт добротворен фонд „Питер Пенс“, а црковниот закон го диктира папата Франциско, кој може легално да користи пари за донации според своја процена.
Во извештајот на „Вол Стрит џурнал“ се утврдува дека само 10 отсто од тие донации биле користени за вистински добротворни цели. Според MSNBC, две третини од преостанатите пари отишле во ребалансот на внатрешниот буџет на Ватикан.
Оваа вест може да биде алармантна за донаторите кои дале свој прилог за да им помогнат на најсиромашните, а не да го исплатат административниот дефицит на Ватикан.
Долгот на Светиот Престол изнесува неверојатни 76 милиони долари на буџетската пресметка од 333 милиони долари за минатата година. Иронично е што изборот на папата Франциско во 2013 година зависел токму од решението за тоа како да се намалат финансиските проблеми на Ватикан.
Во извештајот понатаму се наведува дека растечкиот долг на Ватикан во најголем дел се должи на зголемувањето на платите и намалувањето на инвестициите, како и на други сериозни финансиски неефикасности.
/makfax
