Папата Франциск следната година во историска посета на Црна Гора

Date:

Share post:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ќе ја посети Црна Гора следната година, потврдено е на денешната средба во Ватикан на папата и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, соопшти црногорската Влада.

– Посетата на папата на Црна Гора ќе има историско значење – оцени црногорската Влада.

На средбата со Марковиќ, папата Франциск ги пофалил политиките што Црна Гора ги спроведува во врска со екуменизмот, културата, екологијата и хуманизацијата во сите сфери на социјалните односи, соопшти Владата во Подгорица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here