Архиепископот г.г. Стефан му посака успех и мудрост на Заев

Date:

Share post:

Архиепископот на Мaкедoнската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев по повод годишнината од формирањето на Владата.

Во честитката Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака успех во раководењето и мудрост во донесувањето на правилните одлуки, во, како што се вели во писмото, „овие времиња на многу искушенија, а за доброто на сите во Република Македонија“.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот Заев изразил благодарност и уверување дека меѓусебното разбирање ќе донесе само добри плодови за единството и поубавата иднина на сите граѓани на Република Македонија.

„Мене како премиер, и на министрите на македонската Влада ни претставува чест што стоите позади визиите за единствена и европска Република Македонија и со Вашата мудрост ги препознавате процесите кои носат подобар живот на сите наши граѓани“, напиша премиерот Заев во писмото до г.г. Стефан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...