Православните богословски факултети „Свети Климент Охридски“ од Скопје и „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, во вторник во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе ја отворат изложбата на современ романски иконопис.
Овој значаен настан на соработка меѓу двата факултети е во рамки на 40-та годишнина од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, како и Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници на Романската православна црква.
Отворањето на изложбата е во вторник, на 25 април 2017, со почеток во 18 часот, во Свечената сала на Соборниот храм, „Свети Климент Охридски“.

