Има ли сатанистичка црква во Македонија?

Date:

Share post:

Постои ли неформална, нерегистрирана група на сатанисти во Македонија? Оваа дилема ја отвораат неколку читатели на „религија.мк“ кои до редакцијата неколкупати испраќаат апел за оваа тема, посочувајќи дека се соочиле со неколку ситуации на интернет просторот во кои регистрирале активности кои укажуваат на постоење на ваква група.

Од неодамна на социјалната мрежа Фесјбук, постои и страница именувана како „Сатанистичка црква во република Македонија„. Но на нејзе не можат да се забележат какви било активности. Во описот на страницата пишува„ Сатанистичка Црква на Република Македонија е страна за луѓе кои по вера се Сатанисти “, но нема дополнителни податоци.

Страницата има само 13 лајкови, што укажува само на нејзино формално постоење, без некои конкретни активности. Интересно е што оваа „група“ има  свое лого, кое практично е последно ажурирање на страницата од 2 март. Претходна активност е на 11 јануари, кога се постирани неколку ставови околу постулатите на верување на оваа црква, но очигледно преведени од англиски јазик на „гугал транслејт“.

Официјално во Македонија никој не се декларирал како припадник на ваква црква, ниту пак државните институции се запознаени со евентуално нејзино функционирање.

Религија.мк консултираше неколку експерти од областа на религијата и општеството, кои се сомневаат во каква било активност на ваква група и посочуваат дека поединечни активности на социјалните мрежи не се релевантен доказ за некакво организирано движење.

Инаку првата сатанистичка црква во светот е регистрирана во Калифорнија во 1966 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img