Специјалното обвинителство на Косово го обвини имамот на најголемата џамија во Приштина Шефкет Красниќи за иницирање тероризам со тоа што охрабрувал поединци да одат во Сирија и Ирак за да се борат.
Во соопштението на обвинителството се прецизира дека имамот ги користел неговите молитви како и социјалните мрежи со цел да ги натера луѓето да одат на боиштата во Сирија и Ирак. 51 годишниот Красиќи, како што се додава, тоа го правел „постојано и намерно“.
