По 500 години норвешката црква се одвојува од државата

Date:

Share post:

На 1 јануари, Црквата на Норвешка и норвешката влада формално ќе се „разведат“, по близу 500 години што ги поминаа заедно, но, нивната врска ќе остане блиска, а според некои и преблиска.

Кога 2016 ќе премине во 2017 година, Норвешка ќе ја формализира сепарацијата на црквата од државата што беше наложено пред осум години од парламентот. Од 1 јануари, 1.250 свештеници и бискупи од оваа нордиска нација нема повеќе да бидат владини функционери назначени од кралот. Норвешката црква нема повеќе да биде државна агенција, туку независен бизнис.

norveska-crkva-696x464-Се соочуваме со најголема организациска промена во црквата од времето на реформацијата“, вели Јенс – Петер Јонсен, шефот на црковниот национален совет. „Промените подразбираат чиста сепарација меѓу црквата и државата“.

Сепак, некои сметаат дека одвојувањето нема да биде ниту чисто, ниту евидентно.

„Нема да добиеме вистинско одвојување. Парламентот нѐ донесе до некаде, но не до крај“, вели Кристин Миле, генералниот секретар на Норвешката хуманистичка асоцијација (Human-Etisk Forbund – NHA).

Миле и некои други укажуваат на една специфична формулација дозволена од парламентот со која се постигна компромис пред осум години: „Норвешка национална црква“.

Со законот што го изгласа парламентот се смени Уставот. „Па така фразата „Евангелистичко – Лутеранската религија ќе остане државна јавна религија“ се замени со „Црквата на Норвешка, Евангелистичко – Лутеранската Црква, ќе остане Норвешка национална црква и ќе биде поддржана како таква од државата.

-Сѐ додека Уставот вели дека Црквата на Норвешка е Норвешка национална црква, и дека како таква ќе биде поддржана од државата, сѐ уште ќе имаме државна црква“, вели Миле.

Таа мисли дека новиот концепт на “национална црква“ е загрижувачки затоа што уставно го поврзува норвешкиот народ со одредена деноминација.

-На некој начин тоа е полошо отколку да се поврзе одредена религија со државата“, вели Миле.

Пал Кетил Ботвар, истражувач од Институот за црква, религија и други истражувања вели дека многу фактори укажуваат на тоа дека Норвешка се уште ќе има државна црква и по формалното одделување што ќе се случи на 1 јануари.

/АКТУЕЛНО24

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img