Католиците го одбележаа патронатот на црквата во Секерник

Date:

Share post:

Верниците на Католичката црква од византиски обред го одбележаа патрониот празник на црквата „Свети Никола“ во Секирник, на 19 декември 2016 година.

Света архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, отслужил Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов.

sekernik-Дали е можно да веруваме дека сме толку силни да можеме и натаму да бидеме сол на земјата и светлина на светот? Јас верувам дека сме. Исус, имено, говори за квасецот од кој што и малку е доволно да се замеси во тестото и тоа станува мек миризлив леб. Иднината на христијанството го гледам во такви семејства кои ќе ја следат логиката на квасецот и ќе го раздвижуваат тестото во своите средини. Светлината на една свеќа ја уништува темнината. Можеби не е доволна да ја расветли целата околин,а но доволна е да се види и да се знае дека темнината бега пред светлината. Да, но таа светлина се поддржува со семејната молитва и светите Тајни. Ниту еден ден без заедничка молитва, ниту една недела без света Литургија и света Причест. Тоа е нашата иднина, тоа е иднината на христијанството и во Европа. Затоа не сме безнадежни туку надежни луѓе, на што посебно не повикува и Светиот Отец, папа Фрањо. А во Годината на молитвата во нашата бискупија и егзархатот да покажеме Божја добрина која сме должни да ја навестуваме не само со зборови, туку многу повеќе со начинот на живот, потенцирал бискупот во својата проповед.

/КАТОЛИЦИ.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...