Папата упати телеграма со сочувство до берлинскиот надбискуп

Date:

Share post:

Римокатоличкиот поглавар, Папата Франциск испратил телеграма со сочувство за жртвите од атентатот во Берли до берлинскиот надбискуп Хајнер Кох.

papa-francisk-10-Светиот Отец длабоко трогнат дозна за ужасниот чин на насилство кој се случи во Берлин во кој освен големиот број ранети, загинаа и многу луѓе. Светиот Отец го покажува своето учество во жалоста изразувајќи го сопственото сочувство и гарантирајќи ја својата близина во нивната болка. Загинатите во молитвата ги доверува на Божјото милосрдие, молејќи го Бог за оздравување на ранетите. Папата им благодари на службите за помош и безбедност за нивното делотворно заземање. Светиот Отец се придружува на сите луѓе со добра волја кои се желни убиственото лудило на тероризмот да не најде простор во нашиот свет. Во таа смисла, папата Франциск од милосрдниот Бог Отец моли за утеха, заштита и утешителен благослов, пишува во телеграмата од Ватикан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here