Католички светец на денот

Date:

Share post:

Верски календар: 04 Неомври

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Карло Боромео.

sveti-karloРоден е во 1538 година во северна Италија во богато семејство. Студирал право и со највисоки оценки станал доктор на цивилно и црковно право. Папата Пио четврти, му бил вујко и го назначил за надбискуп и кардинал на Милано. Можел да има околу себе службеници кои ќе работат се, но го намалил нивниот број и сам ги извршувал работите. Одел меѓу верниците, им ја зајакнувал верата и ги поттикнувал на добри дела. Свештениците ги повикувал на состаноци и ги советувал добро да работат со верниците. Имал високи приходи од црковниот имот, кои им ги давал на сиромашните, а самиот живеел скромно. Духовно ја обновил цела северна Италија. Му се молат свештениците и бискупите со цел да не ги совладаат парите, туку работата за јакнење на верата на верниците.
 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img